Се интензивира реконструкцијата на улицата “Живко Фирфов” во Кисела Вода

1 min read

По привремениот застој, продолжуват градежните активности на улицата „Живко Фирфов“ во Кисела Вода. 

Градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во целосната реконструкција на оваа фреквентна улица во населбата Драчево, каде во должина од речиси еден километар се врши замена на асфалтот со нов, се обновуваат тротоарите, а ќе бидат поставени и нови лед светлосни арматури.

-Во комуникацијата со фирмата изведувач, тој се информираше околу досегашните пречки и начинот на кој биле надминати. Доби уверување дека во периодот што следи, ќе се работи со засилена динамика и дека роковите предвидени за завршување на овој проект ќе бидат запазени, велат од општината. 

Инаку, реконструкцијата на улицата „Живко Фирфов“ се одвива преку Проектот за поврзување на локални патишта на Министерството за транспорт и врски, преку кој Општина Кисела Вода доби средствата од Светска банка.

Се работи за улица која поради својата местоположба во своето секојдневие ја користат речиси сите жители на Драчево и на чија надземна инфраструктура не е интервенирано со децении. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Зеленски по повод 100-тиот ден од руската инвазија: Победата ќе биде наша

Следно

Радев: Во Бугарија нема нуклеарно оружје, американските ловци се тука да го заштитат воздушниот простор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian