Поранешниот „бомбардер“ на Вардар потпиша за ППД Загреб

1 min read

Раководството на ракометниот клуб ППД Загреб го претстави најновото засилување на хрватскиот шампион, едно од најдобрите леви бекови во Европа, црногорскиот ракометар Вуко Борозан.

Освојувачот на ЕХФ Лигата на шампионите со Вардар во 2017 година, потпиша двегодишен договор со најдобриот хрватски клуб.

– Би сакал да им се заблагодарам на сите за исклучително топлото добредојде. Чест ми е што сум дел од спортска екипа каква што е ракометниот клуб ППД Загреб, со голема традиција. Со нетрпение очекувам да освојам нови трофеи и едвај чекам да почне сè. Секако, најмногу би сакал заедно со клубот и моите соиграчи да направиме чекор напред во ЕХФ Лигата на шампионите. Се надевам и верувам дека доколку работите добро функционираат, Загреб може да оди далеку, па зошто да не дојдеме до фајналфор турнирот во ЛШ – вели Борозан.

Во кариерата 28-годишниот Црногорец на клупски план беше дел и од Карловац, скопски Металург, Либек, Веспрем и Ал Араби.

Во дресот на Вардар имаше и имаше двојна круна во 2017 година, а со скопските „црвено-црни“ трипати доаѓаше и до трофејот во СЕХА Газпром лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства во 1998-99 година

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска поп-дива: Тамара Тодевска ѝ приреди музичко уживање на скопската публика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian