Почнува двобојот за титулата: МЗТ Скопје Аеродром брани, Пелистер напаѓа

1 min read

Финалната серија од плејофот започнува денеска на теренот на МЗТ Скопје Аеродром, во салата „Јане Сандански“ (19 часот), а се игра во три победи

MЗТ Скопје Аеродром и Пелистер се финалистите во плејофот на македонското првенство и ќе се борат за титулата. Финалната серија ќе ја добие оној што прв ќе стигне до три победи. Првиот меч е денеска на теренот на МЗТ Скопје Аеродром, во салата „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

Ова е првпат Пелистер да стигне до финалето на кошаркарското првенство, додека за МЗТ Скопје, кој е актуелен шампион, ова ќе биде борба за неговата деветта титула.

Што се однесува до нивните меѓусебни одиграни натпревари во оваа сезона стои дека битолчани го добиле првиот меч во првенството со (82-79), потоа и оној наредниот, во „Јане Сандански“, уште поубедливо, со резултат (93-78).

Но аеродромци беа далеку подобар противник во Суперлигата. Во третото одмерување на силите, на свој терен победија со (95-76), а во последното коло, ја освоија Битола со сигурни (88-79), за израмнување во тие дуели на двата финалисти.

По петочниот меч во Скопје серијата се сели во Битола в недела, а потоа се враќа во Скопје во вторник. Ако им потреба, четвртиот меч ќе биде на 10 јуни во Битола, а евентуално петтиот дуел во Скопје на 12 јуни. До финалето МЗТ стаса со две победи над ТФТ во полуфиналето, а Пелистер во серијата со Еуро Никел победи со 2-1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе од 120 килограми кокаин откриени под трупот на товарен брод во Ла Рошел

Следно

„Шлаканица“ за старлетата: Зошто палатата не ѝ дозволи на Ким да присуствува на јубилејот на кралицата?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian