Почитуваниот менаџер за таленти и продуцент Џорџ Шапиро почина во четвртокот вечерта во својот дом во Беверли Хилс. Џорџ починал од природна смрт на 91-годишна возраст.
Џорџ Шапиро беше американски менаџер за таленти и телевизиски продуцент. Тој беше меѓу најуспешните менаџери во шоу-бизнисот во САД, а најпознат е по тоа што ги застапуваше Џери Сајнфелд, Карл Рајнер и Енди Кауфман.
Продуцент на еден од најпознатите ситкоми
Шапиро е ко-основач на „Shapiro/West & Associates“ и заедно со партнерот и пријател од детството Хауард Вест, беше продуцент на „Seinfeld“, еден од најпознатите ситкоми на сите времиња.
Откако завршил колеџ и служел во војска, тој станал помлад агент во агенција и секогаш се обидувал да биде блиску до комедијата. По неколку години, тој почнал да сфаќа дека големите хумористични емисии и продукции се селат во Холивуд, каде што на крај заврши и самиот.
Во 1973 година Шапиро одлучил да стане личен менаџер за да развие подлабоки односи и партнерства со клиентите, па ја напуштил агенцијата каде што работел дотогаш и отворил компанија со Хауард Вест.