Одлично четврто место за Јанковиќ на Медитеранскиот КОМЕН Куп

1 min read

Во вториот дел од првиот натпреварувачки ден на Медитеранскиот КОМЕН Куп во пливање во Лимасол, Кипар, настапија двајцата македонски репрезентативци Сара Јанковиќ и Никола Ѓуретановиќ.

Јанковиќ од 12 натпреварувачки го освои одличното четврто место со време од 04:29.75 мин. на 400 метри слободно.

На првото место се најде Антонија Ракопулу од Грција (04:21.72 мин.) пред италијанските пливачки Софија Моска и Марта Баломети

Во истата дисциплина Ѓуретановиќ од 13 натпреварувачи стигна до 10 место со резултат 04:11.48 мин.

Првопласиран беше Доменико Де Грегорио од Италија (04:02.97 мин.) пред Србинот Огњен Пилиповиќ на второто и Даниле Рабинович од Израел на третото место.

Се очекува Јанковиќ да настапи и во дисциплините 200 и 800 метри слободно, а Ѓуретановиќ на 200 метри слободно. Сите резултати на следниот линк ТУКА

Разговор со Сара Јанковиќ: Пливањето е одличен спорт, посакувам уште многу медали и рекорди

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Техно журка на ДУИ на плоштадот Скендербег во Скопје

Следно

Ескобар: Стратешкиот дијалог има цел да ја искорени корупцијата во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian