Највкусниот летен рецепт: Сармички од тиквички запечени во рерна

2 mins read

Конечно е сезоната на омилениот летен зеленчук – тиквички. Од нив можеме да правиме најразлични јадења, па така да заборавиме на киселата зелка, бидејќи сега ви предлагаме фантастичен рецепт за сарми со тиквички.

Се печат само 15 минути, а ако ви е малку, послужете и печени млади компири. Во продолжение на тестот имате рецепт и за двете, па уживајте во феноменалниот вкус.

Состојки:

– 2 тиквички
– 3 сушени домати (по желба)
– 15 маслинки
– свеж босилек
– 1 чешне лук
– 30 гр презла
– 100 г рикота сирење
– 2 лажици маслиново масло
– 1 кромид
– 150 мл сос од домати
– 80 г моцарела

За прилог:

– 1 кг компири
– 2 чешниња лук
– француски зачински билки
– оригано
– мирудија

Подготовка:

Тиквичките исечете ги на многу тенки ленти. Одвојте неколку делчињата што ви се распаднале и ставете ги во блендер, а остатокот премачкајте го со масло и посолете, па оставете го настрана околу 10-15 минути. Во блендерот додадете ги сушените домати, босилекот, лукот и маслинките, па сè убаво изблендирајте за да добиете кашеста смеса. Потоа додадете ги презлата и сирењето рикота и повторно добро изблендирајте. На крај, додадете го маслиновото масло и промешајте. Кромидот исечкајте го, па пропржете и сипете го доматниот сос.  Сипете по дното на тепсијата и убаво распоредете. Земете четири ленти тиквички и наредете ги една до друга, така што малку да се преклопат, па потоа сипете лажица од смесата и свиткајте во ролнички. Се редат во тепсија и се посипуваат со рендана моцарела. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Доколку сакате и прилог, тогаш убаво измијте ги младите компири и наредете ги во тепсија, па додадете оригано, зачински билки, сол, бибер, сечкан мирудија и мелено лукче, а потоа прелијте ги со маслиновото масло. Добро измешајте и печете на 200 степени околу 35 минути. Повремено мешајте ги компирите.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Без Владо Милев на клучниот натпревар против Албанија

Следно

Петровска: Европската интеграција на Северна Македонија не треба да се одлага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian