Косово: Запленети 800 килограми тутун шверцуван од Македонија

1 min read

Во селото Долно Рамјане кај Витина, во близина на границата со Северна Македонија, косовската полиција запрела возило комби со локални регистарски таблички, во кое пронашла и запленила околу 800 килограми тутун, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според наводите на полицијата, нејзините службеници за време на патролирање долж границата го забележале, го следеле, а подоцна и го запреле комбито кое се движело од селото Танушевци во Северна Македонија во правец на Витина.

И покрај обидот да ја избегне полициската патрола, полицијата успеала да го запре возилото во селото Долно Рамјане.

При претресот на возилото, кое го управувало 43-годишниот С. И., косовски државјанин, пронајдени се околу 800 килограми суров тутун, спакуван во 36 пакети, за кои полицијата се сомнева дека е шверцуван.

Случајот го водат полициски службеници во соработка со јавен обвинител, а возилото и пронајдената стока ќе бидат предадени на косовските царини.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гутереш: Колку побрзо заврши војната во Украина, толку подобро за светот

Следно

ВИДЕО: Зверев во болки го предаде мечот, Надал во финалето на „Ролан Гарос“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian