Ким Кардашијан за дечкото Пит: Го имам најдобриот секс во мојот живот!

1 min read

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан прокоментира дека сексот во четириесеттите е најдобар досега и навести дека за тоа е одговорен нејзиниот 13-години помлад дечко Пит Дејвидсон.

„Веќе не трчам по ништо, и тоа е одлично чувство. На почетокот на својата кариера, луѓето трчаат по слава, трчаат по пари, среќа или љубов. Но, сега го имам сето тоа“, ѝ кажа 41-годишната Ким на својата сестра Клои Кардашијан во последната епизода од нивниот серијал „The Kardashians“.

„Кога наполнив 40 години, сите велеа дека во тие години го имаат најдобриот секс во својот живот. Баба ми постојано ми велеше „40-ти, најдобар секс“, а јас само кажав во ред, спремна сум!“, изјавила Ким која моментално е во врска со 28-годишниот комичар Пит Дејвидсон.

За време на искрениот разговор со нејзините сестри, Ким откри и дека времето поминато со Пит ја инспирирало да го прифати нејзиниот природен изглед.

Извор за магазинот „People“ тврди дека нивната врска станува сериозна и дека Ким сака да го има Пит во близина бидејќи тој е супер со нејзините деца.

„Тој и самиот е многу разигран и големо дете. Тие се во посветена врска и не се гледаат со други луѓе. Ким е многу среќна“, открил извор близок до семејството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандал на Ролан Гарос: Девојка се врзала за мрежата со порака „Ни остануваат уште 1028 дена“

Следно

ВИДЕО: Марин Ле Пен погодена со јајце во главата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian