Илиев: Пирло во Партизан? Само ако нè одбие Анчелоти, ќе се обидеме и со Мурињо!

1 min read

Италијанскиот стручњак Андреа Пирло би можел да стане следниот тренер на Партизан, така барем „Спортклуб“.

Поранешниот фудбалер и тренер на Јувентус е во Белград како амбасадор на фудбалскиот камп, а според споменатиот портал, тоа било прав момент првите луѓе на клубот од Хумска да воспостават контакт преку посредник со Пирло кои наводно позитивно реагирале за евентуален договор.

Конечниот одговор на поранешниот репрезентативец на „аѕурите“ се очекува на крајот на неделата, а доколку се постигне соработка би можел да заработува неверојатни 1,5 милион евра по сезона.

Во текот на својата кариера како професиолен фудбалер, Пирло освен за „Старата дама“ играше и за Бреша, Интер, Милан и Њујорк сити. Во текот на својата тренерска кариера го водеше Јуве со кој ги освои Купот и Суперкупот на Италија, а без работа е од мај минатата година.

На ваквите шпекулации на шеговит начин коментираше спортскиот директор на белградските „црвено-бели“ кој истакна нема ништо од сето тоа.

– Пирло? Може да биде опција само доколку Анчелоти нè одбие. Прво него го чекаме. Можеби ќе се обидеме со Мурињо, а тој е одлично тренерско име – се зборовите на Илиев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Украина отворени 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство

Следно

На 4 хороскопски знаци ги очекува остварување на желбите: Дали сте меѓу нив?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian