Генерал мајор Бајам Бегај кандидат за нов претседател на Албанија

1 min read

Владејачката Социјалистичка партија на попладневната сед ица на Претседателството одлучи кандидат за претседател на државата да биде Бајрам Бегај, актуелен началник на Генералштабот на вооружените сили на Албанија.

„Се согласивме дека ПС во овој момент треба на Албанците да им даде претседател кој нема политичка кариера, човек со посебни квалитети каков што заслужуваат граѓаните. Тој е избран меѓу 26 можни кандидати“, рече по седницата Еди Рама лидер на ПС и актуелен премиер.

Бегај за началник на ГШ на вооружените сили на Албанија беше назначен 2020 година. Пред тоа бил командант на неколку армиски сектори. Роден е на 20 март 1967 година во Рогожина. Дипломирал на медицинскиот факултет, посетувал многу обуки во земјата, САД и во Грција. Оженет е и е татко да две деца.

Гласањето за претседател во албанскиот парламент ќе биде утре на пленарна седница закажана за 18 часот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ескобар: Стратешкиот дијалог има цел да ја искорени корупцијата во Македонија

Следно

Триумф на Илиоски, Ѓорѓиев поразен после пет напорни рунди во Зворник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian