ФОТО | Цел свет зборува за Меган Маркл: Што правеше војвотката во текот на парадата за кралицата

2 mins read

Добро расположена Меган Маркл беше снимена на еден од прозорците на Бакингемската палата, од каде ја следеше парадата по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, забавувајќи се со децата на братучедите на принцот Хари, Питер Филипс и Зара Тиндал.

Облечена во син фустан и голем шешир со сина лента, внимателно облечената Меган Маркл, токму како што и беше најавено, со сопругот принцот Хари на прославата на јубилејот на кралицата не присуствуваше од балконот на Бакингемската палата. Бидејќи тие не беа активни членови на кралското семејство, беа сместени со остатокот од роднините на Хари во внатрешноста на палатата, а сите случувања можеа да ги следат само од прозорецот.

Токму таму, на еден од прозорците, папараците ја снимија добро расположената Меган Маркл како се забавува со децата на Питер Филипс и неговите сестри Зара Тиндал, Савана и Ајсла Филипс и Лена и Миа Тиндал. Судејќи по прстот кој го ставила на устата, веројатно на забавен начин им објаснувала дека ќе мора да бидат тивки во текот на парадата. Во еден момент, папараците го „уловиле“ и принцот Хари како на шеговит начин им се обраќа на внуците.

Принцот Хари не бил облечен како таткото и братот, принцовите Чарлс и Вилијам во воена униформа, туку носел костум, бидејќи кога одлучи да го напушти кралското семејство остана без воените почести и титули.

Она што со големо нетрпение се очекува е појавувањето на тригодишниот Арчи, синот на Меган и Хари, и на малата Лилибет Дијана, за која ова воедно е прва посета на татковината, но и на семејството на нејзиниот татко.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Љуљзим Баша ќе формира нова партија

Следно

ВИДЕО | Давидовиќ: Ние имаме проблем со примената на законите, а не со законите оти општеството е партизирано

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian