Експертка предвидува: Џони Деп по судењето би можел да стане најплатениот актер на сите времиња

3 mins read

Победата на холивудскиот актер Џони Деп во случајот за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, би можела да му помогне да се врати директно на холивудската А-листа.

Експертката за односи со јавноста, Александра Вила, која во последните две децении ги претставува ѕвездите и филмовите номинирани за Оскар, е убедена дека ова ќе биде огромен исчекор во кариерата на Деп и дека актерот би можел да стане најплатениот глумец некогаш.

Фото: Профимедиа

– Кариерата на Џони сега ќе скокне во небо. Тој не само што ги има срцата на обожавателите во свои раце, туку можеби ќе може да избира улоги и во некои од најголемите филмови кои излегуваат во следните неколку години. Би можел да стане најплатениот актер некогаш –  рекла Вила.

Експертката потоа се осврнала на неговата кариера.

„Џони стекна милијарди долари во последните неколку децении. Зад себе има 40 години работа и проекти кои публиката ги сака“, објаснила таа.

Исто така, Вила рекла и дека: „Помеѓу поддршката од јавноста е и, на пример, парфемот „Sauvage“ на „Диор“ чие заштитно лице е Деп и кој се продава во рекордни количини, а ТВ-мрежите во САД ги пуштаат филмовите „Пиратите од Кариби“ еден по друг“.


Експертката објаснила дека поради изминатите случувања, Џони ја „соголил душата“ пред јавноста, но сега неговиот углед ќе биде вратен.

„Џони мораше целиот свој живот да го стави на увид на јавноста, и она доброто и она лошото, но тоа не го направи поради пари, туку за да го врати својот углед“, вели Вила, додавајќи дека актерот го направил тоа и поради своите деца.

На прашањето дали смета дека „Дизни“ повторно ќе го ангажира за планираното продолжение на „Пиратите од Кариби“, Вила одговорила:

„Џони беше златното момче на „Дизни“ кога филмовите „Пиратите од Кариби“ заработија милијарди, затоа – никогаш не вели никогаш“.

Во меѓувреме, според извештајот на магазинот „Форбс“ од почетокот на 2022 година, најплатен актер е Двејн Џонсон кој заработи 270 милиони долари од филмовите „Black Adam“ и „Red Notice“.

Фото: Профимедиа

Деп за филмот „Alice in Wonderland“ заработи 68 милиони долари без „многу труд“. Според анализата на „24/7 Волстрит“, Деп во филмот изговорил само 661 збор, што го прави еден од најплатените актери со најмалку изговорени зборови. Од друга страна, поради „Пиратите од Кариби“ оствари заработка од 90 милиони долари по филм, што значи дека неговата вкупна исплата изнесувала 450 милиони долари.

Во една прилика и самиот изјави дека е преплатен за улогата на омилениот капетан Џек Спероу.

„Тоа е смешно“, изјавил Деп за „Венити фер“.

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Сара Јанковиќ: Пливањето е одличен спорт, посакувам уште многу медали и рекорди

Следно

ЗНМ со осуда за заканите кон новинарката на ИРЛ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian