Доктор Елена Арсова, трихолог: Сè поголем број пациенти во 20-тите години се соочуваат со опаѓање на косата

4 mins read

Косата игра многу значајна улога во идентификацијата на личноста и делува како аксесоар, референца на убавина. Волуминозна коса, според тоа, значи здравје и младост, а губењето на косата може негативно да влијае на психосоцијалниот статус и квалитет на животот.

Само неколку дерматолошки проблеми имаат толку суптилно емоционално влијание на повеќе нивоа, а опаѓањето на косата е еден од нив.

Новата статистика покажува дека губењето на косата се појавува во сè помлада возраст. Доктор Елена Арсова, трихолог, потврдува дека во секојдневната практика има сè поголем број пациенти во нивни 20-ти години и ни објасни која е причината за тоа.

Причини за опаѓање на косата кај младите

Андрогенетската алопеција или наследната ќелавост е најчеста форма на опаѓање на косата и кај жените и кај мажите, и се јавува како резултат на генетската предиспозиција и делувањето на половите хормони.

Машките полови хормони ја активираат генетската порака за губење на косата која ја носат клетките од коренот на влакното. Порано беше очекувано околу 20 отсто од младите во нивните 20-ти години да покажат некој степен на губење на косата. Но, новата статистика покажува 43 отсто преваленција на ќелавост кај возрасната група од 17 до 29 години.

Причините за порастот на наследниот губиток на косата кај младите се поврзува со здравствени проблеми, недостатоци во исхраната, стрес и лоши навики на нега на косата.

Здравствените проблеми кај младите лица се поврзани со дисбаланс на тироидните хормони, инсулинска резистенција и автоимуни болести, кои придонесуваат за рана појава или влошување на наследната ќелавост. Често предизвикуваат епизоди на опаѓање на косата, поради тоа што го нарушуваат циклусот на раст на коренот.

Разните режими на исхрана и диети во денешно време, водат до недостиг на протеини, витамини и минерали. Недостаток на железо е најчестиот нутритивен недостаток, кој е исклучиво чест кај младите. Следуваат и дефицитите од витамин Д, цинк, селен, биотин… Овие минерали и витамини се неопходни за нормално функционирање на коренот на влакното и производство на здрава коса.

Стресот го зема данокот

Стресот е фактор што не го очекуваме кај младите, но се покажува дека миленијалците имаат големо ниво на стрес отколку генерациите порано. Стресот е врзан со чувството на изолација и осаменост, а уште поалармантно е што потешко можат да се справат со тој стрес. Високите нивоа на кортизол како резултат на стресот, го нарушуваат создавањето на протеини во влакното.
И, на крај, навиките на нега на косата се исто така попотребни од порано. Новите модерни фризури кај момчињата се подолга коса, пунџи или бричење на главата, а кај девојките надградба на косата, кератински третмани и силно врзување. Овие фризури го оптоваруваат коренот и ја ослабнуваат неговата функција што резултира со слаба и тенка коса.

Расте свесноста за здравјето на косата

Но, и покрај наведената статистика и информации, има уште еден податок што има круцијално значење. Миленијалците, исто така, имаат и висока свесност за здравјето на својата коса. Затоа бараат помош од доктор трихолог уште при првите знаци на промени на косата. Поради тоа, можеме да ги примениме новите третмани за раст на косата уште во иницијалните фази на ќелавење и да ја вратиме комплетно изгубената коса. Исто така, кожата на младите, многу подобро реагира на стимулативните третмани за раст што овозможува одличен резултат. Дополнително би нагласила, дека сега постојат многу модерни третмани кои даваат резултати кои порано биле невозможни. Затоа, и покрај загрижувачката бројка на млади со опаѓање на косата, можностите за успешен третман ги надминуваат очекувањата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас во посета на Србија

Следно

ССМ најави генерален штрајк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian