Димовски: Мицкоски да ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да им ги зголемат платите на вработените

1 min read

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски попладнево реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер за кого рече дека е омилен на власта.

Димовски го повика Мицкоски да ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните комунални претпријатија да им ги зголемат платите на вработените за 2.806 денари.

– Ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар, особено не со декларативни изјави дека поддржуваш декларативно зголемување на платите, а твоите политички поставени директори никаде не ги зголемиле истите и декларативно унапредуваш работнички права, а со предлог измени од твои пратеници во Собранието за недела да биде работен ден  преку цела година за работниците во туристичките места ги уназадуваш работничките права. Ваквите напади спрема синдикатите и работниците се ехо на еден режим и се директно спротивни на конвенциите на МОТ, па дали тоа значи директно мешање во работата на синдикатите за што, како што велите Вие, ќе мораме да ги информираме сите меѓународни организации и институции, вели Димовски во писмото упатено до Мицкоски.

Тој го повикува Мицкоски во понеделник на средба во ССМ за, како што вели, нештата да бидат појасни за сите работници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѕвездата на Тотенхем Ројал цел на вооружен грабеж, биле испукани 29 куршуми

Следно

Гутереш: Колку побрзо заврши војната во Украина, толку подобро за светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian