Брзо, здраво и многу вкусно… одлично за топлите денови кои веќе се тука. Овој освежителен и здрав сладолед се подготвува со само 3 состојки и не содржи шеќер. Уживајте во ова совршено летно освежување подготвено по рецептот на младиот готвач Давор Панчевски.
Потребни состојки:
200 г замрзнати јагоди
350 г грчки јогурт
1 лажичка стевиа (може и мед или јаворов сируп)

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете густ сладолед.
Доколку сакате сладоледот да биде поцврст, префрлете ја целата смеса во кутија и оставете во замрзнувач уште 1-2 часа. Потоа вистински уживајте во секоја лажичка од овој вкусен и здрав домашен сладолед.
Забавно готвење ви порачува Давор.