Австрија со нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ

2 mins read

Австрија до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер” кон крајот на мај, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ”.

Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската инвазија врз Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа.

– Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат, се вели во документот.

Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.

– Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум, се подвлекува во австрискиот документ.

Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение е наведено дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година, и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ.

Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: И по 100 денови руска инвазија Украина ќе опстои

Следно

Скандал на Ролан Гарос: Девојка се врзала за мрежата со порака „Ни остануваат уште 1028 дена“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian