За разлика од мачките, кои често се своеглави и не се многу воодушевени кога сакате да си играте со нив, понекогаш кучињата изгледаат среќни кога прават било што со своите сопственици.
На социјалните мрежи се појави вирално видео од еден германски овчар кој седи пред својата сопственичка, која му ги фатила шепите за да можат двајцата да свират заедно на превртено тенџере.
@funny_animals_on_tiktok Who said dogs can’t play drums😂 #funny #fyp #dog #puppy #foryoupage ♬ original sound – Funny_Animals_On_TikTok
Кучето се обидува да го следи ритамот и да „свири“ на неговиот инструмент и е исклучително мирно за време на својот „настап“, а можеби е и малку збунето.
Корисниците на платформата „ТикТок“ веднаш коментираа дека неговиот јазик смешно се ниша додека свири.
„Одлично е како јазикот му се движи горе-долу, веројатно си мисли – Што, по ѓаволите, се случува?“,„Германските овчари се најдобри“, „Колку е сладок“, се дел од коментарите под видеото.