ВИДЕО: Ново реми на Шпанците и Португалците, Шведска и Норвешка сигурни на Балканот

1 min read

Првото коло во новото издание на Лигата на нации ги донесе еден од најголемите европски дерби натпревари помеѓу Шпанија и Португалија кои „ја продолжија традицијата“ да играат нерешено.

На стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севиља, Шпанија и Португалија одиграа 1:1 и тоа петти нивни меѓусебен натпревар по ред што завршува без победник.
Шпанија поведе со голот на Алваро Мората во 25 минута, додека Португалија до израмнување дојде во 82 минута преку Рикардо Орта.

Во истата група во дивизијата А, Чешка со 2:1 ја совлада Швајцарија. Чесите поведоа во 11 минута со голот на Кухта, додека Швајцарија во финишот од првиот дел преку Окафор дојде до израмнување.

Победничкиот гол за Чешка беше всушност автогол на Сов во 58 минута.
Во дивизијата Б, скандинавските селекции Шведска и Норвешка имаа триумфална вечер на Балканот. Шведска со 0:2 славеше на гостувањето кај Словенија, додека Норвешка во Белград ја победи Србија со 0:1.

Форсберт во 39 минута погоди за водство на Шведска, а конечниот резултат го постигна Кулушевски во самиот финиш од натпреварот.
Норвешка во Белград славеше над Србија благодарение на голот на Ерлинг Халанд во 26 минута.

Резултати:
Дивизија А
Група 2
Чешка – Швајцарија 2:1
Шпанија – Португалија 1:1

Дивизија Б
група 2
Израел – Исланд 2:2
Група 4
Словенија – Шведска 0:2
Србија – Норвешка 0:1

Дивизија Ц
Група 2

Кипар – Косово 0:2
Северна Ирска – Грција 0:1

Група 4
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 1:1
Грузија – Гибралтар 4:0

Дивизија Д
Естонија – Сан Марино 2:0

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Василев: Кога „Гаспром“ ќе реши да го исполни договорот со Бугарија, тогаш ќе имаме руски гас

Следно

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian