ВИДЕО: Италија го празнува Денот на Републиката, дефиле на трубадури во Скопје

4 mins read

Во чест на денот на Италијанската Република, 2 јуни, Амбасадата на Италија на плоштадот „Македонија“ во Скопје организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино, Италија.

Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња.  

Скопјани можат да уживаат во настапот на ова друштво следејќи ја нивната поворка која ќе се движи од „Рекорд“ до плоштадот Македонија, каде групата ќе го изведе својот настап пред јавноста.

Веењето на знамињата потоа ќе продолжи кон Старата скопска чаршија. Групата повторно ќе настапи во вечерните часови, со почеток во 22.00 часот, од Камениот мост, па се до плоштадот Македонија, каде што поворката на вејачи на знамиња ќе ја има завршната изведба.

Настапот на оваа група започнува со дефиле на разнобојни знамиња кои парадираат високо во круг, а секое од нив го носи грбот на градот.

-Вежбите и акробациите може да се изведуваат индивидуално, и тогаш доаѓаат до израз вештината и хармонијата на движења на вејачот, или групно, истакнувајќи го на тој начин духот на целиот тим. Веењето на знамињата е проследено со звукот на барабаните и трубите кои потекнуваат од средновековната воена традиција. Музичарите заедно со вејачите на знамиња ја анимираат публиката пред почетокот на претставата, објаснуваат од Амбасадата на Италија.

Воена парада во Рим

Централната прослава по повод денот на Републиката денеска беше во главниот град на Италија каде со воена поворка се славеше годишнината од основањето на републиката.

Утрово, претседателот Серџо Матарела положи венец на Олтарот на татковината на  плоштадот „Пјаца Венеција” во Рим, а авиони прелетаа со боите на италијанското знаме: зелена, бела и црвена.

Централна прослава на плоштадот на републиката во Рим/Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Националниот празник го слави референдумот од 1946 година на кој италијанскиот народ гласаше за формирање република.

Денеска воената поворка минуваше по „Виа деи Фори Империјали”, авенијата првично изградена под Бенито Мусолини, која води од Колосеумот до Римскиот форум до „Пјаца Венеција”.

Падобрански скокови/Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Оваа година за првпат на парадата учествуваат жени и мажи од здравствениот сектор како признание за нивниот придонес во борбата против пандемијата. Покрај различните воени и полициски единици, пред трибината на која присуствуваа Матарела, премиерот Марио Драги и други членови на Владата, продефилираа и оклопни возила.

Маршираа здравствените работници, херои на борбата против ковидот кој однесе илјадници животи во Италија/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Италијанскиот црвен крст дел од парадата/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

80-годишниот италијански претседателот Матарела е дури четири години постар од републиката. Тој пред присутните се осврна на војната во Украина преку порака до вооружените сили.

„Италија се определи за мир. Нашето сопствено искуство ни покажа како може да се изгради стабилен и траен соживот дури и по крвавите конфликти. Ова го потврдуваме денес додека стоиме на страната на Украина, која е нападната”, напиша Матарела во пораката.

Во пресрет на националниот празник, Матарела прими владини претставници и странски претставници во својата резиденција. Амбасадорите на Русија и Белорусија не беа поканети.

Италијанскиот државен врв на прославата на денот на Републиката во Рим/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

„Денес, горчливата лекција од конфликтот во 20 век се чини дека е заборавена. Агресијата на Руската Федерација против Украина ги доведува во прашање темелите на нашето меѓународно општество, почнувајќи од мирниот соживот”, рече Матарела.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опомени својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Следно

Неверојатно: Часовник вреден илјадници евра кој бил украден во Италија е пронајден во Атина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian