ВИДЕО | Дувњак: Идните уставни судии нека бидат поверни на правото отколку на партијата

2 mins read

Веднаш по средбата на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со државниот врв веќе беше закажана седница на Комисијата за избори и именување што ќе заседава денеска. Ќе видиме што ќе се случува денеска таму. Јас сум малку носталгична и повеќе паметам кога во уставните судови имаше членови чиишто излагања беше задоволство да се слушаат, вели новинарката Гордана Дувњак за Утрински брифинг во рубриката Има ли правда.

-Да не бидеме во заблуда дека во Уставниот суд треба да бидат членови само професори по уставно право, а изминатиот период најмалку имаше такви, и таму се провлекуваат и стручни соработници. Праксата низ годините покажа дека можеби крајно време е да се промени начинот на избор за уставни судии. Можеби конечно е време да има и конкурси на кои ќе се пријават заинтересирани па јавноста да има можност да ги слушне нивните излагања и ставови по некои клучни прашања, вели Дувњак.

За тоа каков ќе биде изборот на новите уставни судии сѐ зависи од парламентарното мнозинство, а Комисијата за избори и именувања треба да ја оформи листата која потоа продолжува на парламентарна сесија, го објаснува Дувњак процесот на избор и додава дека е интересно тоа што за изгласување не е потребно апсолутно туку просто мнозинство.

-Ако на претходниот состав еден од главните предизвици беше укинувањето на СЈО кој никогаш не се најде на дневен ред, пред новиот состав ќе се најде Преспанскиот договор. И за ова е нормално што досега не се разгледувало бидејќи во овој случај потребен е полн состав на Уставниот суд, треба да гласаат сите 9 судии, вели Дувњак.

Уставен суд има многу предизвици, тука е и Законот за употреба на јазиците, особено Левица е активна со поднесување на иницијативи до Уставен суд кои допрва ќе треба да се разгледуваат, појаснува Дувњак.

-Сепак се чувствува дека во суштина кај политичарите нема некоја јасна волја целата оваа ситуација да се реши, и најверојатно и ова сега што се случува нема до крај да биде јасно, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на „Фокус“, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот раазговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренерот на европскиот кошаркарски шампион сака да оди во НБА лигата

Следно

Атентаторот на Роналд Реган пуштен на слобода безусловно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian