Василев: Кога „Гаспром“ ќе реши да го исполни договорот со Бугарија, тогаш ќе имаме руски гас

1 min read

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за време на блиц-контролата во собраниската комисија за буџет и финансии во Народното собрание изјави дека Бугарија нема да преговара со руската компанија „Гаспром”.

Василев објасни дека кога Гаспром ќе реши да го исполни договорот со Бугарија, тогаш Бугарија ќе има гас од Русија. Бугарскиот министер за финансии коментира дека Гаспром го стопирал гасот на малите земји со мали количини, чии договори истекуваат релативно брзо. Тој потсети дека руската страна еднострано го прекинала снабдувањето со гас за Бугарија. Според Василев, доколку Бугарија преговара со Гаспром, ќе остане без гас и парно.

– Имаме докажан несигурен партнер, рече Асен Василев во однос на Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи-Блинкен: Отвораме ново поглавје на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Следно

ВИДЕО: Ново реми на Шпанците и Португалците, Шведска и Норвешка сигурни на Балканот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian