Јувентус носи засилувања од Арсенал и Манчестер сити

1 min read

Управата на Јувентус планира во летниот преоден рок да донесе неколку врвни засилувања и повторно да се обиде да ја врати титулата во Серија А која им бега во последните две сезони.

Првото засилување речиси е договорено, По Погба треба да се врати во Торино, но „старата дама“ планира да ангажира уште двајца фудбалери од Премиер лигата од кои едниот треба да биде замена за Пауло Дибала.

Челниците на „старата дама“ наследникот на Дибала го гледаат во играчот на Арсенал, Габриел Мартинели.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека челниците на Јувентус направиле контакти со колегите од Арсенал ѝ им понудиле размена, Артур за Мартинели.

Мартинели годинава одигра 36 натпревари на кои постигна шест гола и имаше седум асистенции.
Второто засилување за Јувентус од Премиер лигата би требало да дојде од актулениот шампион Манчестер сити.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри побарал од управата да се обиде да го ангажира Ејмерик Лапорт. Шпанецот во Сити дојде во 20178 година за 65 милиони евра, и има договор до 2025 година, па доколку Јувентус сака да го донесе ќе мора да плати обесштетување кое според „Тутоспорт“ не би било помало од 45 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полицијата го потврди вчерашниот инцидент во Кисела Вода: Две групи се пресметувале со тврди предмети

Следно

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опомени својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian