Украинскиот имот во окупираната област Запорожје ќе се „национализира“

1 min read

Властите на украинскиот регион Запорожје, кој е под руска контрола, соопштија дека имотот и ресурсите на украинската држава ќе бидат „национализирани“, пренесе Би-Би-Си.

Андреј Трофимов, заменик-шеф на администрацијата наметната од Москва, рече дека е потпишан декрет за национализација на украинскиот имот.

Агенцијата Интерфакс го цитира Трофимов кој рекол дека национализацијата ќе се однесува на земјиштето, природните ресурси, објектите во стратешките сектори на економијата, како и имотот во сопственост на Украина од 24 февруари – денот кога Русија ја почна својата инвазија на земјата.

– Уредбата беше потпишана со цел да се задоволат државните потреби поврзани со подобрувањето на севкупната ефикасност и социјалната ориентација на економијата, како и за зачувување на националното наследство за жителите на регионот Запорожје, рече тој.

Би-Би-Си претходно јави дека украинските власти би можеле да ја исклучат нуклеарната централа во Запорожје доколку Киев ја загуби контролата врз нејзината работа.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски: За четири месеци направивме колку што некои влади не успеаја за четири години

Следно

Македонија со реми во Разград против Бугарија го започна настапот во Лигата на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian