Три најчести начини на кои можете да се заразите со мајмунски сипаници

3 mins read

Во Европа и во Америка се појавија мајмунските сипаници. Светската здравствена организација (СЗО) повикува на различни мерки со оглед на невообичаеното ширење на мајмуните сипаници, но не гледа причина за тревога.

Мајмунските сипаници се ретка болест предизвикана од вирус. Тие спаѓаат во категоријата вируси како и големите сипаници, иако мајмунските сипаници предизвикуваат мошне помалку тешки болести. Тоа е вирусна зооноза, што значи дека се пренесува на луѓето од животните, а потоа од човек на човек.

Како можете да се заразите?

Мајмунските сипаници се шират со близок контакт. Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), тоа значи дека може да се пренесе преку оштетена кожа, дишни патишта или слузницата, како што се очите, носот или устата.

Најчестите начини на заразување со мајмунски сипаници се:

– Преку големи респираторни капки. „Капките од дишните патишта генерално не можат да патуваат повеќе од неколку метри, па затоа е потребен продолжен контакт лице в лице“, велат од ЦДЦ.
– Директен контакт со телесни течности или лезии.
– Контакт со контаминирана облека или постелнина.

Центарот за контрола и превенција на болести минатата недела предупреди дека, иако секој може да добие мајмунски сипаници, болеста се шири глобално помеѓу хомосексуалците и бисексуалните мажи. Но, мајмунските сипаници не се сексуално пренослива болест.

– Секој може да пренесе мајмунски сипаници преку контакт со телесната течност, раните или респираторните капки кога е блиску до некого – рекол д-р Џон Брукс, главен медицински службеник во Одделот за превенција на ХИВ/сида на ЦДЦ.

Официјалните лица велат дека севкупниот ризик од заразување со мајмунски сипаници е низок.

Симптоми на мајмунски сипаници?

Кај луѓето со мајмунски сипаници може да се појави треска или отекување на лимфните јазли. Чести симптоми се главоболка, исцрпеност и болки во мускулите.

Еден од карактеристичните знаци на заразата е осип на лицето или телото, кој се претвора во испакнати мали јазли што стануваат плускавци.

Луѓето со мајмунски сипаници се сметаат за најзаразни додека имаат осип. Болеста може да трае две до четири недели, а повеќето луѓе закрепнуваат без лекување. Периодот на инкубација може да биде од седум до 14 дена, велат од ЦДЦ.

Лицето со мајмунски сипаници може да биде заразно од еден ден пред да развие осип до 21 ден по појавата на симптомите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на нациите: Македонија оди по цел плен во Разград

Следно

ФОТО | Петровска – Валандер: Нашето сојузништво со САД е успешна приказна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian