Совети од Клиника „Жан Митрев“: Мастопексија – хирургија за редукција и подигнување гради

4 mins read

Причините поради кои една жена може да посегне кон мастопексија може да бидат од различна природа, физички, естетски и физиолошки – враќање на идеалната форма на жената, подобрување на сопствената слика за себе и менталното здравје.

Кога зборуваме за естетика на женски гради, вообичаено првото што ни паѓа на ум е зголемување на градите. Но, добро е да се знае дека постои и опција за намалување на големината или подигнување на градите. Станува збор за процедура што припаѓа на пластичната хирургија, а се изведува со цел намалување на обемот на градите кај жени што имаат потреба од тоа.

Имено, со оваа хируршка процедура се постигнува пропорционалност во изгледот на телото, при што самите гради се доведуваат во соодветна големина со останатиот дел од телото. Исто така, важно е да се знае дека по процедурата не се губи од сензитивноста и функционалноста на ткивото на дојките, односно возможна е лактација – доење.

жан митрев
Фото: Промо

Причините поради кои една жена може да посегне кон оваа процедура може да бидат од различна природа и тоа: физички, естетски и физиолошки – враќање на идеалната форма на жената, подобрување на сопствената слика за себе и менталното здравје.

Жените со овој проблем страдаат од хронична болка во грбот, вратот и рамената, која е предизвикана од самата тежина на градите; имаат проблеми со дишењето; имаат полоша циркулација; страдаат од кожни инфекции (во пределот под градите); неможност да најдат соодветен градник и облека; неможност да се занимаваат со спорт и воопшто имаат проблеми со квалитетот на живот.

Жените развиваат поголеми гради особено во периодот на пубертет, но овој проблем може да се јави и по бременоста и доењето, по нагло зголемување на телесната тежина или во менопауза.

жан митрев
Фото: Промо

Решението за овој проблем е хируршката редукција, која се одвивa преку обратен Т-рез (форма на сидро) по должина на секоја од дојките, при што се отстранува вишокот на масното ткиво и кожа и се прави репозиционирање на брадавицата. Резот е по должина на самите мамили (млечни жлезди) и под преклопот на градите, што го прави невидлив и прифатлив од естетски аспект.

По оваа интервенција, потребен е болнички престој во траење од два до три дена, по што пациентката се пушта на домашно заздравување со препорака за носење еластичен градник за подигање на дојките уште еден месец.

жан митрев
Еластичен градник / Фото: Промо

Иако резултатите се видливи веднаш, сепак треба да се има предвид дека е потребно време за да се повлечат и да заздрават отокот и хематомите. Финалниот резултат е траен, со можни мали варијации во зависност од годините и од телесната тежина (дебелеење/слабеење).

Оваа интервенција е контраиндицирана кај жени чиј мамограм покажал неевалуирана неоплазма, жени што дојат и хипертрофија која е примарно причинета од наголемување на млечните жлезди.

Мастопексија успешно се изведува во Клиничката болница „Жан Митрев“ веќе десетина години наназад. Операцијата ја извршува академик д-р Жан Митрев со својот стручен тим. Доколку ви е потребна консултација и мислење, слободно закажете термин на 02/3091-484.

 

 

*Комерцијална објава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Надал по Ролан Гарос ја завршува кариерата, му „умира“ коската во стапалото?!

Следно

Мицевски: Џафери да закаже итна седница за законите за ДДВ и акцизи што ги доставија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian