Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ почнува Викендот на Гордоста – Скопје 2022

4 mins read

Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ вечерва во Музејот на современа уметност почнува Викендот на гордоста – Скопје 2022.

Како што информираат од Коалицијата „Маргини“, јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста – Скопје, оваа година ќе се одржува во два дела, од 2 до 11 јуни и од 15 до 17 септември, во Музејот на современа уметност, Мала Станица, МКЦ, Театар комедија, КСП ЈАДРО и Станица 26.

Викендот на гордоста – Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чија цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни.

– Овогодишниот фестивал го отвораме на 02 јуни, во 20:30ч во МСУ, со изложба „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија”,курирана од Славчо Димитров и Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во рамки на која ќе бидат претставени архивски материјали и дела од Волфганг Тилманс, Нора Стојановиќ, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Кочо Андоновски, Наташа Гелева, Музејот на современа уметност Скопје, STEAM ROOM, Александар Георгиев, Викторија Илиоска, и многу други, велат организаторите.

За време на отворањето на изложбата ќе биде изведен во живо и најновиот перформанс на Христина Иваноска и најновото кореографско дело на Александар Георгиев, а публиката ќе може да проследи и перформанси на Џули Толентино и Стош Фила (САД) на 03 јуни во МСУ.

 На 4 јуни, исто така во МСУ, со гордост го претставуваме легендарниот Дејвид Хојл (ВБ), познат во 1990-тите години како Дивајн Дејвид. Во рамки на јунската програма најавуваме и: јавно предавање на Јасмина Тумбас (САД), која на 7 јуни во МСУ ќе ја претстави својата последна книга објавена од Manchester University Press – „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам”; Перформативни презентации на Џесмин Херн, заве мартоарџоно, Џеј Бoj и Сара А.О. Роснер (САД) во Мала станица, а во соработка со Локомотива; и, после две години, јунското издание на фестивалот го затвораме на 11 јуни, со нашите омилени ПичПрич, и СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни, наведуваат од Маргини.

Според распоредот, во септемвриската програма публиката ќе проследи танцова претстава на францускиот кореограф Матје Окемије, перформанс на Јулишка Стенгеле од Австрија, и вечер на воугинг и дрег забава. 

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-ЈАДРО и Терапија, со поддршка на Министерството за култура на РСМ, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг.

Изложбата „Екстатични тела” е делумно поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија преку Програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива како и од програмата на ЕУ-Креативна Европа/Life Long Burning проект.

ВИДЕО | Димитров: Јубилејниот „Викенд на гордоста“ оваа година носи познати македонски и светски уметници

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандинавското дерби му припадна на Каспер Руд за полуфинале на „Ролан Гарос“

Следно

Дневен хороскоп за 2 јуни: Не ги потиснувајте вашите емотивни желби и потреби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian