Швјонтек прва финалистка на Ролан Гарос

1 min read

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е првата финалистка на Ролан Гарос. Полската тенисерка во првото полуфинале за само 66 минути игра со убедливи 6:2,6:1 славеше над Дарија Касаткина.

Ова беше рекордна 34. победа по ред за Швјонтек и в недеа ќе игра за својата втора гренд слем титула. Швјонтек на самиот старт од првиот сет направи брејк и поведе со 2:0, Касаткина успеа да дојде до израмнување, но првата тенисерка на ВТА ранг листата освои четири гема по ред и го реши сетот.

Во вториот сет, Касаткина имаше сили само за 1:1, потоа Швјонтек направи два брејка за убедливи 6:1 и пласман во финалето.

Таа во финалето ќе се сретне со подобрата од второто полуфинале во кое моментно играат Коко Гоф или Мартина Тревизан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија му оддаде почит на поранешниот претседател Нишани

Следно

Едногодишниот син на Алек Болдвин итно хоспитализиран: Во прашање биле секунди!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian