„Шкода“ прегази малолетен пешак во Скопје

1 min read

Повторно сообраќајка во која е повреден малолетен пешак. 

-На 01.06.2022 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“, патничко возило „шкода фабиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30)  удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, информираат од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

  Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Два милиона Британци страдаат од долгорочен ковид

Следно

„Некст Тајм“ со нов албум насловен „Мајка“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian