„Шефот“ Мбапе состави листа за отстрел, од ПСЖ си заминуваат тренерот и 13 фудбалери

1 min read

Килијан Мбапе со потпишувањето на новиот тригодишен договор со ПСЖ, доби големи овластувања, односно гаранции дека тој ќе биде консултиран за сите трансфери и за истите ќе го има последниот збор.

Мбапе сериозно ја сфатил новата улога и според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“составил листа за отстрел на која се наоѓаат 14 лица кои не сака повеќе да бидат дел од ПСЖ.

Прво име на листата е тоа на тренерот Маурисио Покетино, кое не е по вкус ниту на новиот спортски директор Луис Кампос. Кампос пак дојде на местото на Леонардо кој мораше да си замине за Мбапе да потпише нов договор до францускиот шампион.

Најзвучно име на играчи кои летово треба да си заминат е Нејмар. Бразилскиот репрезентативец има договор до 2025 година и ќе му претставува проблем на ПСЖ да се реши од него поради големата плата, Нејмар годишно заработува околу 30 милиони евра нето.

Според „Мундо Депортиво“, летово од ПСЖ треба да си заминат и Тило Кехрер, Јулијан Дракслер, Данило Переира, Леандро Паредес, Андер Херера,  Лајвин Курзава, Мауро Икарди, Пабло Сарабија, Хуан Бернат, Идриса Геје, Колин Дагба и Серхио Рико.

Мбапе побарал од управата, најголем дел од новите фудбалери што треба да пристигнат на „Паркот на принцевите“ да бидат француски фудбалери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Позорникарите ги враќаат мирот и безбедноста на граѓаните во Центар

Следно

Амбер Херд се огласи откако го изгуби спорот со Џони Деп: Срцето ми е скршено…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian