Салах би ги менувал сите трофеи за реприза на финалето во ЛШ

1 min read

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека би ги дал сите индивидуални награди за можноста повторно да го игра финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Ливерпул во саботата на стадионот „Франција“ загуби со 1:0 од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Винисиус Жуниор со што на Реал му ја донесе 14 титула европски шампион.

Мохамед Салах беше избран за играч на годината во Премиер лигата во изборот на англиските новинари и навивачи, а заедно со играчот на Тотенхем, Хјон-Мин Сон беа најдобри стрелци во лигата.

– Никогаш нема да го заборавам фактот дека добив признание од новинарите и навивачите во иста сезона. Сепак, сите тие индивидуални награди би ги сменил за можноста повторно да го одиграм финалето на Лигата на шампионите. Сепак, фудбалот не функционира така. Не можам искажам со зборови колку сакав тој трофеј да го донесам во Ливерпул, но на крајот не успеавме . Ова беше долга сезона, но дел од мене сака новата сезона да почне уште утре – изјави Салах.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Без кралицата на Денот на благодарноста: За време на денешната парада почуствувала слабост

Следно

ИВЗ смета дека Владата ја фаворизира МПЦ-ОА, пишува Стејт департментот во новиот извештај за верските слободи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian