Ролан Гарос: Скандинавски скандал, Руд и Руне се закачиле во соблекувалната

1 min read

Норвежанецот и Данецот без никаква скандинавска воздржаност влегоа во препукување по медумите кои открија некои интересни моменти од четвртфиналето

Данецот Холгер Руне (19) и Норвежанецот Каспер Руд (23) имале закачка во соблекувалната по мечот од четвртфиналето на Ролан Гарос. Скандинавците обично важат за возрдржани луѓе, но, Данецот и Норвежанецот не се штедеа во меѓусебните препукувања.

Руне тврди за данските медиуми дека по мечот од четвртфиналето што го изгуби од Норвежанецот, овој во соблекувалната му врескал во лице „дааа“.

– Тој ми се добижи и в лице ми врескаше „даааа“. Можете да врескате на теренот колку сакате и да бидете среќни. Но тоа што тој го направи е во лош стил. Треба да има респект – изјавил Руне.

Такото и тренер на Руд, Кристијан, ја отфрлил оваа изјава како чиста измислица. И Руд го критикуваше однесувањето на Руне на теренот велејќи дека тој треба „да порасне“.

– Тој прави драма на теренот. Тој е млад и нов и тоа се простува, но кога сте на големата сцена треба да пораснете – изјавил Норвежанецот.

Данецот направи драма за време на мечот кога ја избрка мајка си од ложата со повици „Оди си, оди си…“.

Руд го совлада Руне во четвртфиналето со 6-1, 4-6, 7-6, 6-3 и си закажа полуфинале со Марин Чилиќ в петок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија е за воведување на еврото, но земјата е политички неподготвена

Следно

По рецептот на нашите мајки и баби: Како да направите домашно слатко од цреши?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian