Ристовски: Бевме подобри, но не можевме да постигнеме гол за победа

1 min read

Стрелецот на голот за Македонија во натпреварот против Бугарија на стартот од Лигата на нации, Милан Ристовски смета дека сите во репрезентацијата може да жалат што не успеаја да победат бидејќи доминираа на целиот натпревар.

– Мислам дека бевме подобри на терен, но се чини и како да не беше наш ден во нападот, посебно не беше наш голгетерски ден. Според мене заслуживме победа, но ете се случи да не можеме да го постигнеме тој победнички гол. Среќен сум за погодокот, кој треба да биде само мотив за следните натпревари од кои очекуваме позитивни резултати. Сепак, пред нас се уште натпревари на кои секако очекуваме позитивни резултати – изјави Ристовски.

Следниот предизвик за македонските репрезентативци во Лигата на нации е гостувањето кај Гибралтар, а натпреварот треба да се игра на 5 јуни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иран го одбележува првиот ден без ниту еден смртен случај од коронавирус

Следно

Скандал ја тресе Белата куќа: Перверзниот син на Бајден опседнат со порнографија, се снимал со проститутки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian