Повеќе од 60 деца со атипичен развој беа дел од проектот „Заиграј со нас“

1 min read

Успешно заврши проектот „Заиграј со нас“ наменет за дечиња со атипичен развој, во организација на Општина Аеродром и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“.

Повеќе од 60 дечиња со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и дијабетес интензивно работеа со тренери и лекар по што е забележано подобрување на нивната фина и груба моторика, на аеробниот и анаеробниот развој, мускулниот развој на горните и долните екстремитети, како и на психофизичкиот развој.

Проектот се реализира во ОУ „Александар Македонски“, а е планирано „Заиграј со нас“ да продолжи и во наредната учебна година.

skopjeinfo.mk

Претходно

Данците на референдум решија да ѝ се приклучат на европската одбрана

Следно

Надал по Ролан Гарос ја завршува кариерата, му „умира“ коската во стапалото?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian