Поради екстремната суша во Ирак се појави град стар 3400 години

3 mins read

По неколку месеци екстремни суши во Ирак, „изгубениот“ град стар 3.400 години повторно се појави на површина и експертите го прогласија за археолошко чудо.

Како една од земјите најтешко погодени од климатските промени, температурите во Ирак се искачија до 46°C, не оставајќи им на жителите друг избор освен да црпат вода од резервоарот за наводнување во градот Мосул. Фотографиите ги прикажуваат неверојатните урнатини за кои се верува дека се дел од „изгубениот“ град Закхику, центарот на империјата Митани, кој се појавил на површината по рекордната суша.

Тим германски и курдски археолози ги ископаат и документираа урнатините пред водата повторно да ги потопи. Благодарение на нивната брза реакција, тие откриле повеќе од 100 антички глинени плочи, а некои се уште биле во нивните глинени омоти.

Еден истражувач откритието, а и фактот што остатоците преживеале под вода толку долго, го нарече вистинско чудо. За кратко време, експертите мапирале обемен урбан комплекс кој датира од 1550 до 1350 година п.н.е. Покрај палатата, откриени биле уште неколку големи градби – масивна тврдина со ѕидови и кули, повеќекатен магацин и индустриски комплекс.

Сите биле исклучително добро сочувани, и покрај тоа што биле под вода повеќе од 40 години откако палатата беше поплавена кога беше изградена браната Мосул во средината на 1980-тите. Операцијата ја воделе претседателот на Археолошката организација на Курдистан, д-р Хасан Ахмед Касим, д-р Ивана Пуљиз од Универзитетот во Фрајбург, Германија и д-р Петер Пфелцнер од Универзитетот во Тибинген, Германија.

Градот првпат беше откриен во 2010 година, откако нивото на водата во регионот се намали повторно поради суша, а експертите го прогласија за археолошко чудо, но дури во 2019 година почнаа ископувањата. Истражувачите се надеваат дека новите откритија ќе дадат важни информации на градот од периодот на Митаните и почетокот на асирското владеење во регионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија со реми во Разград против Бугарија го започна настапот во Лигата на нации

Следно

Нема документ со прифатени барања само на Бугарија, дециден е Ковачевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian