Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

2 mins read

Хрватската водителка Николина Пишек се огласи откако нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ (попознат како Миша Гроф) проговори за причините за смртта на неговиот син Видое.

Николина минатиот месец го загуби сопругот Видое Ристовиќ, кој почина на 44-годишна возраст. Бидејќи последните недели се појавија многу шпекулации за неговата смрт, Николина конечно проговори на оваа тема.

– На прашањето како сум деновиве, не сакам да давам одговор. Ги има уште, но тоа е првото. На почетокот, да ви кажам, не сакам да давам изјави за сите овие глупости што се појавува во медиумите. Што и да изјавам, тоа оди во сто правци и секогаш излегува лошо – изјавила Николина за српските медиуми.

Миша Гроф изјави дека имал одлични односи со снаата.

– Имам одличен однос со Николина. Не ме посетува, што има да ме посетите, таа замина од Белград со детето затоа што детето мора да оди на училиште. Едната внука е мала, постарата тешко ја поднесува загубата на татко ѝ – изјавил скршениот Миша.

Потсетуваме, српските медиуми објавија дека Видое Ристовиќ починал на маса за масажа. Миша Гроф рече дека верува дека масерката на Видое, Даниела Бојиќ, ја знае вистинската причина за неговата смрт, но дека се плаши да зборува за тоа. Виктор вели дека најмногу е изненаден што не повикала брза помош веднаш кога сфатила дека неговиот син е мртов.

Николина Пишек се збогува од сопругот: Прости ми, патувај и не се грижи

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала: Ме привлекуваат Премиер лигата и Ла Лига, но среќен сум во Италија

Следно

Едно починато лице и 75 нови случаи на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian