„Некст Тајм“ со нов албум насловен „Мајка“

1 min read

По успешната промоција на нивниот најнов проект – „Кога падна на Пирина“, со кој ја воодушевија целата македонска публика, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин на 7 јуни ќе го промовираат и својот албум.

„Мајка“ е насловот на албумот на кој се наоаѓаат девет композиции, дел познати, дел не, а во него ќе има и една бонус трака за песната „Ја излези Ѓурѓо“, која што е во ново руво и во дует со популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Инаку овој албум е изработуван долг период под палката на композиторот Николче Мицевски, додека пак истиот е снимен и мастеризиран во „XL studio Momiroski“.

Познатите близнаци ќе одржат и мини концертна изведба на албумот, односно ќе испеат дел од песните кои се наоѓаат на овој албум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шкода“ прегази малолетен пешак во Скопје

Следно

Левица поднесе нов-предлог закон за уставни судии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian