Хроничните проблеми со левото стапало ќе го натераат Рафаел Надал предвреме да ја заврши кариерата, вели новинарот на радиото Копе, Анхел Гарсија.
Гарсија кој е автор на книгата „од Рафаел до Надал“ рече дека постои голема можност шпанскиот тенисер по Ролан Гарос може да објави крај на кариерата. Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.
– Рафа беше има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можебе ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по Ролан Гарос и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека Ролан Гарос е вреден за тоа – рече Гарсија.
Новинарот на „Мундо Депртиво“, Анхел Ригуера пишува пак дека проблемите на Надал со стапалото започнале од 2005 година кога му бил откриен реткиот синдром Милер-Вајс.

– Иако трпеше натчовечки болки, Рафа не се откажа од мастерсот во Рим. Тоа го фрустрира, зборуваше дека не е повреден туку е само тенисер кој трпи големи болки. На Ролан Гарос во својот тим го има и докторот Анхел Руиз-Котос кој се грижи за неговото здравје од 2005 година – пишува Ригуера.
Тој додава дека Надал одлучил да се „коцка“ и да настапи на Ролан Гарос иако тоа може да значи и крај на кариерата.
– Одлучи да оди на сè или ништо само за да игра на Ролан Гарос. Сигурно е дека ја ризикува целата сезона со настапот во Париз. По турнирот ќе каже дека се надева дека светот ќе го разбере. Одигра два меча кои траеја повеќе од четири часа, а следен предизвик му е дуелот со Зверев. Покрај себе има тим од нутриционисти, масери, доктори, а тука се и тренерите Карлос Моја и Марк Лопез кои ќе сторат се за Рафа на крајот да ја освои 22 гренд слем титула – додава Ригуера.