Левица поднесе нов-предлог закон за уставни судии

3 mins read

Партијата Левица поднесе нов предлог-закон за уставни судии со кој се предвидува за уставни судии да бидат избрани лица кои не вршеле политичка функција седум години пред изборот, значи да не може да биде поранешен министер, пратеник, генерален секретар.

Димитар Апасиев, пратеник на Левица на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека овој предлог-закон на пленарна седница ќе се најде на 7-ми овој месец.

„Треба да ја надминеме онаа флоскула дека Уставниот суд се саморегулира, имено тоа не е така затоа што членот 113 од Уставот предвидува Деловникот да се носи само за постапката и начинот на работа на судот, но и за уставните судии. Имено досегашното искуство бидејќи ние како наследник од Југославија сме првата социјалистичка држава што вовела уставно судство во 1963 година. За жал, денес констатираме дека тоа е комплетно урнисано и не ги задоволува барањата за заштита на Уставот што граѓаните ги имаат од страна на уставните судии“, рече Апасиев.

Тој потенцира дека за првпат предлагаат предлог-закон за уставни судии каде што стриктно ќе се пополни правната празнина што досега постои во Уставот а тоа е, според нив, флоскулата истакнат правник.

„Воведуваме јасни проверливи критериуми за номинација на уставните судии. Предвидуваме претседателот да не може да предложи никаков друг правник освен универзитетски професор, поранешен омбудсман или негов заменик, поранешен републички јавен обвинител или адвокат со 20-годишно искуство во заштита на човековите слободи и права. Од страна на судскиот совет да не може да се предлагаат основни и апелациони судии, т.е. само врховни судии и судии кои суделе во меѓунардоно судство. Од страна на собраниската комисија за избори и именувања воведуваме неколку критериуми, да има завршени судии со просек 9, најмалку да биде магистер или доктор на науки, да има објавено релевантни книги или стручни трудови и да има само едно државјанствоа не две или повеќе државјанства, и да не вршел политичка функција седум години пред изборот, тоа значи да не може да биде поранешен министер, пратеник, генерален секретар и слично“, рече Апасиев.

Според него, се предвидува јавен оглас за уставни судии, номинација за првпат од страна на правните факултети, кој што досега не постоеше, се предвидува подкомитет за селекција каде што во широк состав ќе учествуваат универзитетите, академијата, МАНУ, Интеруниверзитетската конференција и други релевантни субјекти и сослушување, односно интервју на кандидатите кој што ќе биде пренесувано во живо на телевизија.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Некст Тајм“ со нов албум насловен „Мајка“

Следно

Во Шведска започна конференцијата на ОН за животната средина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian