ИВЗ смета дека Владата ја фаворизира МПЦ-ОА, пишува Стејт департментот во новиот извештај за верските слободи

2 mins read

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот.

Во делот за Македонија, во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда и другите владините министерства дискутирале за амандманите на законот од 2007 година со кои се уредуваат религиските слободи што би овозможило поголемите верски заедници да се стекнат со статус на „правни ентитети“, но Министерството за правда повторно ги одложило консултациите со верските групи за амандманите.

На 18 февруари, Исламската верска заедница во Северна Македонија (ИВЗ) јавно ја осудила официјалната регистрација од страна на Владата на Исламската салафи заедница во декември 2020 година, со назнака дека тоа би било штетно за единството на муслиманите во земјата.

Водачите на ИВЗ рекле дека последователно се подобриле односите со Владата во Скопје по средбата во јануари меѓу поглаварот на ИВЗ, Реис Шаќир Фетаху и претседателот Стево Пендаровски, но дека некои владини министерства и судството продолжувале да се однесуваат кон нив неповолно, се вели во извештајот на Стејт департментот.

Скопска Апелација го отфрлила барањето за регистрација на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) бидејќи пријавата не била поднесена до крајниот рок, се додава во извештајот, од кој се дознава дека ИВЗ смета оти Владата „продолжила да ја фаворизира Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)“, а помали верски групи продолжиле да пријавуваат нееднаков третман на Владата во споредба со петте уставно именувани религиозни групи.

Официјалните претставници на ПОА продолжија да посочуваат дека нивното свештенство и членовите на нивните семејства често биле мети на навреди во медиумите и жртви на физички напади од поединци сметани за блиски до МПЦ-ОА, се наведува извештајот.

Понатаму се вели дека Бекташијата (во Тетово) и натаму ги оспорува тврдењата на ИВЗ за целосна сопственост и планира да го реновира Арабати баба теќе, комплекс што бектешката (тетовска) заедница го користеше како свој штаб.

Македонските медиуми објавиле инцидент на вандализам врз манастир кој се наоѓа во мнозинско муслиманско подрачје и 18 инциденти на кражби од цркви во текот на годината. Од МПЦ-ОА за кражбите и вандализмот навеле дека не веруваат во верски мотиви зад инцидентите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Салах би ги менувал сите трофеи за реприза на финалето во ЛШ

Следно

Дневен хороскоп за 3 јуни: Со дополнителна упорност, може да ги надминете сите препреки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian