Георгиев: Али Ахмети е мудрец во политиката, ако тој реши да има избори, ќе има

1 min read

Поранешниот пратеник и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека доколку лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одлучи да има избори, ќе има избори.

Георгиев го нарече лидерот на ДУИ „мудрец во политиката“.

„Ако Али Ахмети одлучи дека треба да има избори, ќе има избори и тоа е толку едноставно“, рече Георгиев.

Тој додаде дека смета оти избори не треба да има, затоа што Владата треба да ја расчисти „маглата“ околу почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

„Оваа магла околу почетокот на преговори на Македонија со Европската Унија треба да се расчисти и мислам дека треба да расчисти оваа Влада за да можеме со следната Влада да почнеме на чист терен“, вели Георгиев.

Според него, „мантрата за ЕУ предолго се поставува како алиби за сите политички елити за нечинење“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Следно

Без кралицата на Денот на благодарноста: За време на денешната парада почуствувала слабост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian