ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опомени својот помлад брат Луис и стана вирален хит

2 mins read

За време на поворката кoja тргна кон Бакингемската палата на првиот ден од четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, целото внимание го украдоа децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

Еден момент особено ги насмеа корисниците на социјалните мрежи кои коментираат дека со овој гест принцезата Шарлот покажа дека е „главна“ во семејството.

Во неколку наврати јавноста имаше можност да биде сведок на палавото однесување на трите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Разиграните малечки ја покажаа својата слатка страна и за време на прославата „Trooping the Color“ во Лондон, која се слави од денеска до крајот на викендот во чест на 70-годишнината од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора.

Овојпат главниот збор во кочијата во која се возеше заедно со нејзините браќа принцот Џорџ и Луис го имаше седумгодишната принцеза Шарлот, средното дете на војводата од Кембриџ.

Колку внимателно ги слушала инструкциите пред да се појави во јавност и колку е сериозна во изминатите неколку години, Шарлот покажа предупредувајќи го својот помлад брат, принцот Луис, кој беше единствениот што продолжи да мавта кон толпата на улиците во Лондон.

Принцезата Шарлот ги „презеде“ работите во свои раце и без размислување го предупреди три години помладиот Луис. Таа со раката јасно му стави до знаење дека е време да престане да мавта и да биде сериозен.

Целиот настан беше документиран од насобраните Британци на кои овој националниот празник им е исклучително важен и излегоа на улиците на Лондон да ја поздрават својата владетелка со најдолг стаж.

Видеото во кое принцезата Шарлот со рака го опоменува својот помлад брат брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јувентус носи засилувања од Арсенал и Манчестер сити

Следно

ВИДЕО: Италија го празнува Денот на Републиката, дефиле на трубадури во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian