Денес официјално започна одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, а иако се веруваше дека Кејт Мидлтон на овој голем настан ќе се појави во досега невидено издание, таа повторно ја покажа својата скромност.
Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон
Носењето веќе видена облека стана веќе практика за британската миленичка, од која не се откажува ниту кога е во прашање платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
Со традиционалната парада „Trooping the Color“ започна четиридневната прослава во чест на 70-годишното владеење на Елизабета Втора, а по тој повод Кејт Мидлтон со кочија се упати кон Бакингемската палата, во издание во кое доминираше белата боја.
Иако британските медиуми шпекулираа дека Кејт ќе се појави во невидено издание по повод прославата на кралицата, тоа не се случи.
За да ја следи воената парада од балконот на Бакингемската палата, Кејт носеше бел мантил-фустан со потписот на нејзиниот омилен бренд Александар Меквин, а последен пат беше видена минатата година за време на самитот „Г7“ во Корнвол.
Таа го надополнила изгледот со незаменливиот детаљ – шешир, поточно сино-белиот модел на дизајнерот Филип Трејси, а целиот изглед го направија посебен препознатливите обетки од син сафир што ги носеше принцезата Дијана.