Едногодишниот син на Алек Болдвин итно хоспитализиран: Во прашање биле секунди!

3 mins read

Холивудскиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија Болдвин доживеале вистинска драма на првиот ден од јуни кога нивниот син добил опасна алергиска реакција. Малиот Едуардо е најмладиот од шесте деца на Алек и Хиларија која е повторно бремена.

Хиларија ги вознемирила своите следбеници на Инстаграм со својата најнова објава. Сопругата на Болдвин споделила фотографија со својот најмлад син Едуардо во болница, а со неа напишала подолг статус за тоа како таа и Алек му го спасиле животот.

Еду, едноиполгодишниот син на Болдвин, на 1 јуни имал тешка алергиска реакција и итно бил хоспитализиран.

Хиларија во својата објава не навлегувала во детали за драматичниот настан, па не се знае на што е алергичен синот, а според неа, русокосото момче денес е живо само благодарение на брзата реакција.

„Еду денеска имаше многу лоша алергиска реакција и морав да му дадам Епипен. Досега тоа никогаш не сум морала сама да го дадам… тоа беше застрашувачко искуство“, напишала Хиларија на Инстаграм, истакнувајќи дека Еду сега е добро и е дома.

Малото момче било итно хоспитализирано по алергиската реакција, а лекарите му рекле на семејството Болдвин дека најверојатно го спасиле нивниот син од анафилактичен шок, кој може да биде фатален.

Алек и Хиларија му го спасиле животот на синот.

„Проблемот е во тоа што алергиските реакции можат да се развијат за само неколку минути. Среќа што дома имавме Епипен, инаку не знам како ќе завршеше сето тоа. Нема да ве оптоварувам со приказните како во паника излетав од дома со Еду во прегратка. Но, сигурна сум дека денес е со нас само поради Епипен, што ни го потврдија и лекарите. Тоа е средство за спасување животи“, напишала Хиларија.

Сопругата на Болдвин, која во моментот е бремена со нивното седмо дете, ја завршила својата објава со порака дека сите родители во домот треба да имаат Епипен. Станува збор за апарат за автоматска инјекција со адреналин кој спречува лицето да падне во анафилактичен шок.

„И секако, однапред научете со нив да се справувате, бидејќи тие реакции можат да се појават толку силно и брзо што се само прашање на секунди“, порачала Хиларија Болдвин.

ВИДЕО | Алек и Хиларија Болдвин го открија полот на седмото дете

ВИДЕО | Алек Болдвин им одговори на сите кои постојано прашуваат зошто има толку многу деца

ФОТО | Алек Болдвин повторно ќе стане татко: Со Хиларија го очекува седмото дете

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Швјонтек прва финалистка на Ролан Гарос

Следно

СДСМ: Зошто Мицкоски не ги бранеше државните интереси во ЕПП и дозволи Резолуција со ставовите на Бугарија?

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian