Дибала: Ме привлекуваат Премиер лигата и Ла Лига, но среќен сум во Италија

1 min read

Пуало Дибала од 1 јули ќе биде слободен играч откако ќе му  заврши догорот со Јувентус и изјави дека е подготвен за новиот предизвик во кариерата.

Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо за 40 милиони евра и со „старата дама“ освои пет шампионски титули, четири трофеи во Купот на Италија и три во италијанскиот Суперкуп.

Иако претставници на Дибала и на Јувентус неколку месеци разговараа за нов договор, до него не дојде. Кон крајот на минатата година, двете страни беа пред договор, но тогаш управата на Јувентус одлучи да ги промени условите и наместо 8,5 милиони евра годишна плата, му понуди милион евра помалку.

Тој потег го налути Дибала кој одлучи да ги прекине преговорите и да почне да ги разгледува понудите од останатите заинтересирани екипи.

Најблиску до потпис со аргентинскиот репрезентативец се наоѓа Интер, а интерес пројавуваат Милан, Рома и Манчестер јунајтед.

– Мирен сум, разговорите ги водат луѓето што се грижат за мојата кариера. Добро ми е во Италија, но исто така би сакал да запознам и други лиги како Премиер лигата и Ла Лига. Но, морам да кажам дека сум среќен во Италија – изјави Дибала.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторен јавен повик за избор на членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета од каснувања од бездомни кучиња

Следно

Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian