Атентаторот на Роналд Реган пуштен на слобода безусловно

2 mins read

Барањето на Џон Хинкли, кој се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган во 1981 година за да ја импресионира актерката Џоди Фостер е прифатено и тој безусловно е ослободен од страна Федералниот суд во САД.

Судијата оценил дека Хинкли, по неколкудецениско лекување и психолошки надзор, повеќе не е опасен за општеството и од 15 јуни може да биде без судска контрола. Хинкли (67) го застрела американскиот претседател додека го напушташе хотелот Хилтон во Вашингтон на 30 март 1981 година. Тој рече дека само сакал да ја импресионира актерката Џоди Фостер, која ја гледал во филмот „Таксист“.

Еден од куршумите што ги испукал Хинкли се одбил од претседателскиот блиндиран автомобил и го погодил Реган во градите, поминувајќи му во близина на срцето. Три лица биле повредени во инцидентот, меѓу кои и Џејмс Брејди, тогашен портпарол на Белата куќа, кој останал делумно без неговите способности и има проблеми со говорот.

Откако беше затворен во психијатриска болница повеќе од 30 години, Џон Хинкли беше ослободен во 2016 година и му беше дозволено да живее со својата 90-годишна мајка.

Досега тој мораше да го пријави секое негово излегување од куќата, да наведе каде ќе оди, по кои улици, во кое време и дали нешто му се случило по пат, редовно да оди на лекар и да пишува белешки во дневник за сите неговите секојдневни активности.

Тој, исто така, има безусловна забрана за директен и индиректен контакт со Џоди Фостер и нејзиното семејство, како и со потомците на Роналд Реган и блиските на жртвите. Судските документи покажуваат дека неговата психичка состојба сега е „стабилна“.

„Да не се работело за атентат на претседател, тој одамна ќе беше на слобода“, забележал судијата Пол Фридман.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Дувњак: Идните уставни судии нека бидат поверни на правото отколку на партијата

Следно

Позорникарите ги враќаат мирот и безбедноста на граѓаните во Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian