Амбер Херд се огласи откако го изгуби спорот со Џони Деп: Срцето ми е скршено…

2 mins read

Џони Деп ја победи поранешната сопруга Амбер Херд во судскиот спор којшто со недели го следеа милиони луѓе ширум светот. Поротата заклучи дека Херд го наклеветила Деп кога таа тврдела дека тој физички и сексуално ја нападнал во неколку наврати. Поротата исто така пресуди дека Херд мора да му плати на Деп отштета од 15 милиони долари.

Деп не се појави на читањето на пресудата, а Херд ја дочека со поглед вперен во подот, без да покаже премногу емоции. Откако ја слушна поротата, таа ги прегрна своите адвокати и брзо ја напушти судницата.

Фото: Профимедиа

Набргу потоа Херд испрати соопштение до медиумите во кое напиша колку е разочарана од оваа одлука.

– Разочарувањето што го чувствувам денеска е неописливо. Срцето ми е скршено поради тоа што толкава планина докази и понатаму не беа доволни да се спротивстават на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг. Уште повеќе сум разочарана од тоа што оваа пресуда значи за другите жени. Тоа е назадување. Го враќа часовникот во времето кога жената што проговорила може јавно да биде посрамотена и понижена. Тоа ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.

Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги занемари доказите кои беа толку убедливи така што победивме во Велика Британија. Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото што мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, стои во соопштението на Амбер.

 

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шефот“ Мбапе состави листа за отстрел, од ПСЖ си заминуваат тренерот и 13 фудбалери

Следно

Беса: Не сме добиле покана да учествуваме во работната група за Иборниот законик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian