Албанија му оддаде почит на поранешниот претседател Нишани

2 mins read

Денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој почина во саботата од постковид компликации.

Покрај ковчегот кој беше поставен во претседателската резиденција, да му оддадат почит минаа многу граѓани, политичари, странски дипломати а беше и косовската претседателка Вјоса Османи.

Поворката потоа тргна по булеварот „Народни херои” па се до гробиштата во Шара, каде е неговото вечно почивалиште а од Нишани последен се прости неговиот партиски лидер Сали Бериша.

Нишани почина во саботата во клиника во Берлин, Германија. Најпрво беше хоспитализиран во болницата „Шефќет Ндрочи” во Тирана, на 20 април поради компликации од пневмонија надредена на постковидна фиброза во белите дробови каде остана на терапија со кислородна поддршка три дена. На 23 април беше пренесен во клиниката во Германија. Боледувал и од автоимуна болест на црниот дроб. Посмртните останки во Тирана беа пренесени во вторникот, преку преминот Морина по желба на неговата фамилија, каде му беше оддадена последна почит од косовските армија.

Со одлука на владата денешниот ден во земјата е ден на национална жалост и на сите јавни институции знамињата се спуштени на половина копје.

Нишани е роден е на 29 септември 1964 во Драч. Претседател стана на 45-годишна возраст и беше најмладиот претседател на посткомунистичка Албанија. Пред тоа Нишани беше министер за внатрешни работи и правда. На претседателската функција беше во периодот 24 јули 2012 до 24 јули 2017 година. Оженет е со Одета Нишани со која имаат две деца, синот Ерси и ќерката Фјона.

Нишани беше шести претседател на земјата по падот на комунизмот а е втор починат по Рамиз Алија кој беше прв претседател по падот на комунизмот а почина на 9 октомври 2011 година.

Неговиот наследник на функцијата шеф на државата, претседател Илир Мета вчера постхумно го одликува со орден на националното знаме, што е највисоко признание во земјата.

Ќе биде запаметен како човек кој се залагаше за добри односи меѓу државите, заемна почит, стабилност и мир.

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доминик Прадали нова претседателка на Меѓународната федерација на новинари

Следно

Швјонтек прва финалистка на Ролан Гарос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian