ВИДЕО: Украина во финалето против Велс за пласман на Светското првенство

1 min read

Репрезентацијата на Украина ќе игра во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Катар.

Украинците на гостински терен триумфираа над Шкотска со резултат 1:3 на стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов. Предност за Украина донесе Андриј Јармоленко во 33 минута, а во 49 предноста ја зголеми Роман Јаремчук.

Надежта за Шкотите ја врати Калум Мекгрегор во 79 минута. Украина успешно се бранеше во понатамошниот период од средбата, а потоа во петтата минута од судиското надополнување гостите го постави конечниот епилог преку Артем Довбик.

Украинците на 5 јуни во Кардиф ќе му гостуваат на Велс во финалето. Потсетување дека Велшаните на 24 март дома со 2:1 ја елиминираа Австрија.

Победникот од дуел Велс – Украина, ќе биде автоматски сместен во групата „Б“ на Мундијалот во која веќе се наоѓаат Англија, Иран и САД.

Велс во меѓувреме го имаше првиот настап од Лигата „А“ од Лигата на нации, загуби од Полска со 2:1 во Вроцлав.

Иако составот на Пејџ водеше од 52 минута со голот на Вилијамс, Полјаците направија пресврт со погодоците на Камински (72`) и Свидерски (85`).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенија има нова влада, големо мнозинство во парламентот го поддржа новиот премиер Голоб

Следно

ВИДЕО | Му даде на своето куче да вкуси лимон, веднаш се покаја: Погледнете ја реакцијата!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian