ВИДЕО | Му даде на своето куче да вкуси лимон, веднаш се покаја: Погледнете ја реакцијата!

1 min read

Eден сопственик пресекол лимон пред своето куче, а кучето веднаш сладострасно му ја ставил шепата на раката, молејќи го да му даде парче.

Видеото стана вистински хит на платформата „ТикТок“ и за само неколку дена собра над 1 милион лајкови и лавина коментари од луѓе ширум светот.

Сопственикот решил да му ја исполни желбата на своето куче, па му дозволил да проба парче лимон, но набрзо се покајал за одлуката.

@rkugvjjguy36r #fyp #fouyou #dog #DogsOfTikTok #funny ♬ original sound – bili

Кучето веднаш го исплука парчето од устата и му се налути на сопственикот. Лабрадорот веднаш почна да го удира својот сопственик со шепите по главата.

Луѓето во коментарите не криеја дека ова видео им го направил денот поубав.

„Ова е пресмешно“, „Најдоброто видео кое го сретнав на Интернет денес“, „Неверојатно е… каде да најдам такво куче“, „Си го заслужи ова“, „Го обожавам видеово“, „Сепак е нежен“, „Истото му го направив на моето куче, исто реагираше“, „Не можам да прекинам да се смеам, ви благодарам што ми го направивте денот поубав“, се само дел од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Украина во финалето против Велс за пласман на Светското првенство

Следно

Ресторан во Скопје „забега“ со цените: Твитерџиите се пошегуваа „не одете ако немате бубрег за продавање“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian