ВИДЕО: Европскиот шампион на колена, Аргентина ја понижи Италија на „Вембли“

1 min read

Фудбалската репрезентација на Аргентина ја совлада селекцијата на Италија со 3:0 во „Финалисима“, дуелот меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка.

По третпат во историјата беше организиран натпревар на кој се среќаваат победниците на Европското првенство и Копа Америка.

Премиерното издание го освои Франција, која во 1985 година беше подобра од Уругвај со 2:0. Аргентина беше подобра од Данска во 1993 година по подоброто изведување пенали.

„Гаучосите“ по 29 години забележуваат нова победа, овој пат над Италија. На стадионот „Вембли“ во Лондон, Аргентина беше доминантна против „аѕурите“.

Првиот гол го постигна Лаутаро во 28. минута, по одличната асистенција на Меси.

До крајот на првиот дел од натпреварот Аргентина го постигна вториот гол, во судиското надополнување, кога овој пат асистент беше Лаутаро, а стрелец Ди Марија.

Во самиот финиш на мечот Меси ја забележа втората асистенција, а погоди Дибала со што го постави конечниот резултат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ресторан во Скопје „забега“ со цените: Твитерџиите се пошегуваа „не одете ако немате бубрег за продавање“

Следно

Германец пливал по цел Дунав, но се откажал во Белград – имало многу фекалии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian